ОМО Илиден Пирин со бpyтална реакција по изјавата на Петков дека нема Македонци: Тој е болен, а за неговата бoлеcт единствена вakцина е вистината

t

За жал, со изјавата дека во Бугарија нема македонско малцинство, бугарскиот премиер Кирил Петков се приклучи на тоталитарната штафета, започната од Тодор Живков и пренесена како срамна зараза преку Борисов и Каракачанов па се до него. Срамно друштво и срамна болест. И срамен почеток на премиерскиот мандат на кого се полага толку многу надеж. Но, што може да се очекува кога е во коалиција со толку духовни внуци на Тодор Живков?

Колку е апсурдно чувството да се кажуваат очигледни лаги во кои никој освен измамените граѓани на Бугарија не веруваat?

Прогонот и асимилацијата врз македонското малцинство беше првиот преродбенски процес што го започна Тодор Живков и единствениот кој се уште не е запрен или осуден. Ова е последната тоталитарна политика во Европската Унија и како таква е бугарски срам за Европа.

Негирањето на македонското малцинство во Бугарија е срам за бугарската држава и демократија.
За жал, во Бугарија лагата е претворена во национално достоинство, беззаконието во ред, кршењето на човековите права во морал, асимилацијата и дискриминацијата во животни работи.
Но, не само Петков, туку милиони ќе ја повторат лагата дека во Бугарија нема македонско малцинство, ова нема да стане вистина, ниту пак да ги снема Македонците. Зборовите на оние кои ја негираат вистината немаат моќ да ја сменат реалноста дека во Бугарија има и ќе има македонско малцинство. Затоа што не е некаква вредност и важен гласот на оние кои негираат, туку гласот на оние кои се самоопределуваат и ќе продолжат да се самоопределуваат како Македонците, како што тоа го правеле нивните татковци и дедовци.

Колку побрзо Бугарија се ослободи од светите лаги за Македонија и Македонците, толку подобро ќе биде и за неа и за сите граѓани на Бугарија и на Балканот.

На премиерот му посакуваме брзо закрепнување од овој срам и од оваа болест! Вакцина против тоа е вистината. Друго нема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема поголеми нарушувања или инциденти досега во…

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко…

Таткото на осомничениот за убиството на Данка…

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар денеска…

Шри Ланка планира да се приклучи на…

Шри Ланка планира наскоро да се приклучи…

Рекордери во Македонија: Во Крива Паланка излезноста…

Во Крива Паланка денеска до 11 часот…

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…