ОМО „Илинден“ – Пирин: Македонскиот клуб во Благоевград ќе биде преместен, сопствениците на просториите се заплашувани
Македонскиот клуб во Благоевград „Иван Вапцаров“ нема да биде затворен, туку ќе се премести на друга локација, информираат од ОМО „Илинден“ – Пирин, по шпекулациите околу функционирањето на културниот центар. Тие го посочуваат заплашувањето на сопствениците на просториите како причина за преместувањето на клубот.
– Клубот не се затвора, но ќе мора да се премести, затоа што сопствениците беа заплашени неколку пати и не смеат да продолжат со договорот. Клубот таму не престојуваше шест месеци, туку една година – се вели во соопштението од ОМО „Илинден“ – Пирин.
Од македонската организација тврдат дека бугарските власти вложуваат напор за да не дозволат отворање на македонски клубови, како и за одземање на просториите на постоечките центри.
– Бугарските власти вложуваат огромен напор да не дозволат да се отворат македонски клубови или да им се одземат просториите на оние што постојат. Во такви услови ширењето на навреди, дезинформации и полувистини само дополнително ја влошува и без тоа тешката борба на Македонците во Бугарија – наведуваат од ОМО „Илинден“ – Пирин.
Македонскиот клуб во Благоевград беше цел на вандалски напад на 4 февруари, кога со камења беше искршено стаклото на излогот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…