Објавено на:

ОН бара истрага за убиството на новинарката на Ал Џезира

t

Високиот комесаријат на ОН за човекови права е „шокиран“ од смртта на американско-палестинската новинарка Ширин Абу Аклех додека известувала за операцијата на израелската армија на окупираниот Западен Брег.

ОН повика на независна истрага за околностите на смртта. „Нашите служби во моментов ги проверуваат фактите“, се вели во твитот на УНХРЦ, повикувајќи на „крај на неказнивоста“ и „независна и транспарентна истрага за нејзината смрт“.

Ширин Абу Аклех беше меѓу најпознатите новинари на телевизијата Ал Џезира, а беше застрелана утрово додека известувала за напад на израелската армија во окупираниот сектор на Западниот Брег.

Палестинското Министерство за здравство ја потврди нејзината смрт и соопшти дека уште еден новинар, Али Самоди, бил ранет. Ал Џезира ги обвини израелските сили за „намерно“ и „ладнокрвно“ убиство на новинарската ѕвезда која била застрелана во главата.

Сепак, израелскиот премиер Нафтали Бенет рече дека таа „најверојатно“ била убиена од истрели од палестинските борци во конфликтот во кампот Џенин, каде што се интензивираа рациите во последните неколку недели.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските власти приведоа руско-американска новинарка од Радио…

Таа станува втората американска новинарка приведена во…

Уште една трагедија: Почина украинска новинарка на…

Олександра Кувшинова, украинска новинарка на Фокс њуз,…

(Видео) Позната новинарка yaпсeна поради нaвреда на…

Познатата турска новинарка Седеф Кабас е протворена…