ОН: Еден од најсмртоносните денови за цивилите во Украина годинава
Обединетите нации реагираа на синоќешните руски напади врз Украина, нагласувајќи дека тоа е еден од најсмртоносните денови за цивилите оваа година.
Според Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина, загинале 21 цивил, што го прави вчерашниот ден еден од трите најсмртоносни денови за цивилите од почетокот на годината.
– Сите 21 загинати цивили и 79 од 81 ранети се случија на територија под контрола на Украина, соопшти ОН, додавајќи дека податоците се уште се проверуваат.
Најголем број жртви е забележан во регионот на Доњецк, вклучително и Добропилија, каде во руски напад со повеќе видови оружје загинале 11 цивили.
Локалните власти соопштија дека во нападите биле уништени или сериозно оштетени осум петкатни згради, административна зграда и трговски центар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…
(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) ИНЦИДЕНТ ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ:…
Сериозен инцидент во кој се вклучени припадници…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Украина уништи руска воена опрема вредна 70…
Украинските сили уништиле руска воена опрема со…
Само за три дена Украина онеспособи околу…
Украинските одбранбени сили во последните три дена…