Објавено на:

ОН: Над илјада цивили биле убиени од февруари до јули во Украина

t

Воените дејствија во Украина ги однесоа животите на најмалку 1.028 цивили меѓу 1 февруари и 31 јули оваа година. Во истиот период повредени се 3.593 лица, изјави Даниел Бел, шеф на набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина при презентирањето на новите податоци за состојбата со човековите права во Украина.

-Од 1 февруари до 31 јули, најмалку 1.028 цивили загинаа, а 3.593 беа ранети како резултат на воените дејствија. Тоа е во просек речиси шест убиени и 20 ранети секој ден, рече Бел.

Таа посочи дека поголемиот дел од жртвите, 86 отсто, биле на територијата под контрола на Украина, па веројатно се резултат на нападите извршени од Русија. Експлозивното оружје, кое предизвикува штета на широк простор, додаде таа, предизвика повеќе од 90 отсто од жртвите.

-Значаен број цивилни жртви од двете страни во близина на линијата на фронтот се убиени или повредени од експлозиви, како што се фрлачи на ракети салво, кои не треба да се користат во населени области, нагласи Бел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Маскирани лица влегоа во кол-центар на…

Српските медиуми објавија дека во кол-центар на…

(Фото) Вучиќ чека во ред за да…

Во Србија во 7 часот почнаа вонредните…

Хакиран телефонот на зетот на Трамп: Кушнер…

Телефонот на Џаред Кушнер, зетот на американскиот…

Хамнеи бара воена отштета од САД и…

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…

(Видео) Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и…

Конечна потврда за тоа кој е најголемиот…