Објавено на:

ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

t

Во тек е планот за евакуација што треба да им овозможи на стотици бродови со околу 11.000 морнари, заглавени во Персискиот Залив, да испловат низ Ормутскиот теснец, откако Иран и САД постигнаа договор за прекин на огнот, соопшти денеска поморската агенција на Обединетите нации.

– Почнавме да стапуваме во контакт со бродовите за да ја започнеме евакуацијата – изјави портпаролот на Меѓународната поморска организација (ИМО), без да наведе временска рамка.

Организацијата соопшти дека ги обезбедила потребните безбедносни гаранции и ги проверила условите за безбедна пловидба.

– Оваа обемна операција ќе биде спроведена во тесна соработка со Иран, Оман, со сите други крајбрежни држави во регионот, со Соединетите Американски Држави и со поморската индустрија – изјави генералниот секретар на ИМО, Арсенио Домингез.

Оманското Министерство за одбрана, во посебно соопштение, наведе дека процесот на евакуација на ИМО, за кој се разговара со месеци, ќе се одвива во повеќе фази.

„Со оглед на зголемениот ризик од судири во сегашните услови, потребна е постепена и контролирана евакуација на бродскиот сообраќај“, се наведува во соопштението.

Министерството соопшти дека таканаречената шема за одвоени пловни правци во моментов не е безбедна и дека за евакуацијата би можеле да се користат две привремени рути – северна и јужна.

„Со секој брод ќе биде воспоставен поединечен контакт и тој ќе биде известен за денот што му е определен за транзит, во координација со ИМО“, се додава во соопштението.

Шемата, усвоена од ИМО во 1968 година, воспостави пловни рути низ иранските и оманските води во Ормутскиот теснец.

Пловечките мини се меѓу главните ризици во водите околу Ормутскиот теснец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во…

Во тек е планот за евакуација што…

Гром удри директно на граничниот премин „Евзони“,…

Граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница се…

(Видео) Автобус излета од пат во Велс,…

Шест лица се хоспитализирани откако автобус излета…

(Видео) Собирал делови од човечки тела од…

Унгарската полиција уапси 30-годишен маж за кој…

Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на…

Унгарија денеска не даде согласност за клучниот…