ОН прифатија: Турција официјално го промени името
Обединетите Нации го усвоија официјалното барање на Анкара, со што за нив, Турција отсега ќе биде Туркије (Türkiye).
Од неколку меѓународни организации ќе се бара да го променат името на земјата, согласно со иницијативата што минатата година ја покрена турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
– Името Туркије ги претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација на најдобар начин, истакна Ердоган минатата година.
Мнозинството граѓани веќе ја нарекуваат својата земја Туркије. Но, често се користи и англиската верзија на името, Турки (Turkey), вклучително и во самата земја.
Државната телевизија ТРТ во декември ја наведе недобрата конотација на името на англиски јазик, наведувајќи дека се однесува, или на „голема птица што потекнува од Северна Америка” или на тоа „кога нешто ќе тргне на лошо”. Турки на англиски јазик значи мисирка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…