ОН се надева дека денеска втор конвој со хуманитарна помош ќе влезе во Газа
Шефот на ОН задолжен за хуманитарна помош Мартин Грифитс изјави дека се надева дека на вториот конвој со хуманитарна помош ќе му биде дозволено да влезе во Појасот Газа денеска.
Грифитс рече дека постои можност да помине уште еден конвој, пренесува Би-Би-Си. – Можеби дури и малку поголем, до 30 камиони, појасни Грифитс.
Дваесет камиони со хуманитарна помош влегоа вчера во Појасот Газа преку преминот Рафа со Египет.
Ова беа првите камиони кои влегоа во Појасот Газа откако Израел воведе блокада пред две недели по нападот на Хамас.
Во меѓувреме, Светската програма за храна при ОН, соопшти дека цивилите во Газа се „на работ на катастрофа“ поради акутен недостиг на храна, вода и медицински материјали.
Агенцијата соопшти дека и се потребни 74 милиони долари за итни потреби во Појасот Газа во следните 90 дена, пренесува Си-Ен-Ен. Се вели дека продавниците во Појасот Газа имаат резерви на храна за помалку од една недела и оти има сериозен недостиг од прехранбени производи.
Агенцијата на ОН апелира за „заштита на виталната инфраструктура и заштита на цивилите, за да можат да пристапат до точките и услугите за хуманитарна помош“.
Три камиони на Програмата за храна беа дел од конвојот од 20 камиони со помош што вчера влегоа во Газа преку граничниот премин Рафа. Уште 40 камиони на Светската програма за храна чекаат во Египет за да го преминат граничниот премин Рафа и да влезат во Газа, се вели во извештајот на оваа агенција. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат откако…
Цените на суровата нафта продолжија да паѓаат…
Путин со нов указ: Државата ќе презема…
Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ со…
Трамп подготвува укинување на околу 200 илјади…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува…
Топло до 38 степени, а потоа невреме:…
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и…
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…