Опасни пиперки од Албанија откриени на словенечката граница: Високото ниво на хемикалии може да доведе до парализа и смрт
Високо ниво на штетни хемикалии е откриено во свежите пиперки од Албанија, објави европскиот систем за безбедност на храната.
Станува збор за пестицидите пиримифос-метил и форматанат, чија употреба е забранета на територијата на Европската унија и некои други земји. Пиримифос бил 44 пати поголем од дозволената концентрација, а формат десет пати поголем.
Нелегални хемикалии откриени на словенечката граница. Дистрибутер на албанските пиперки била фирма од Италија која требало да ги продава во Словенија и Хрватска.
Нема информации дали штетната пиперка завршила на српскиот и на хрватскиот пазар, пренесуваат хрватските медиуми.
Ризикот по здравјето е сериозен, а во европскиот систем посочуваат дека не се знае какви мерки се преземени откако пристигнале наодите од примероците од пиперката. Односно дали пратката била уништена на граница или вратена кај дистрибутерот.
Научните студии покажаа дека пиримифос-метил и форматанат може да предизвикаат инхибиција на холинестеразата кај луѓето. Поради ова, тие можат претерано да го стимулираат нервниот систем, предизвикувајќи гадење, вртоглавица, конфузија, а при многу висока изложеност, респираторна парализа и смрт.
Клиничките знаци по акутна и хронична изложеност на форматанат кај стаорци беа намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација, отежнато дишење, отежнато дишење, тремор, повраќање, кашлица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија: Земјотрес со јачина од 4,3 степени…
Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки…
Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…
Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…
Албанија: Потонат брод од Втората светска војна…
Италијанскиот болнички брод „Po“ од Втората светска…
(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…
Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…
Албанија почнаа со поставување интелигентни камери во…
Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека првите…