Опасност од одрони на неколку делници, посебен режим на повеќе правци
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено по претежно суви коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Автомото сојузот на Македонија информира дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања. АМСМ апелира за прилагодена брзина и зголемено внимание низ котлините и клисурите поради опасност од одрони.
Посебна претпазливост и почитување на поставената патна сигнализација се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. На овие правци постои постојана можност од појава на одрони на коловозот. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица останува отворен за сообраќај за сите возила со тежина до 3,5 тони.
На делницата Гостивар – Стража на државниот пат А2 се санираат мостовите преку Атанасова река и Вијадуктот на Дол, каде сообраќајот се одвива под посебен режим. На истиот коридор, во близина на село Желино, се работи на санација на мостовите на реката Вардар во двата правци. На скопската обиколница во тек е рехабилитација на потегот од клучка Волково до клучка Кондово во должина од 250 метри, при што левата лента е затворена, а возилата минуваат по средната и лентата за принудно запирање.
Градежни активности се одвиваат и пред наплатната станица Преод на автопатот А4 (Миладиновци – Свети Николе – Штип) поради санација на косина. На автопатот А1 Пријателство, на потегот Смоквица – Гевгелија, поставена е сигнализација за изведба на гасовод под коловозот.
На патниот правец Кичево – Охрид сообраќајот на повеќе делници се одвива преку девијации поради тековните градежни работи. Поради реконструкција на граничниот премин Делчево воведен е времен режим, но преминот функционира непрекинато. Во тек се и зафати на регионалниот пат Р1202 на делницата Косоврасти – Мелнички Мост, на мостот на река Брегалница во Штип (Р1204), како и пренасочување на сообраќајот од клучка Лагово до Тополчани на правецот Прилеп – Битола поради изведбата на Коридор 10Д.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Опасност од одрони на неколку делници, посебен…
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива…
Карпи се срушија врз патот кон Радожда,…
Голем одрон го блокираше патот на влезот…
Предупредување за возачите: Внимавајте на одрони низ…
Сообраќајот на државните патишта во земјата се…
ЦУК: Поплави во Пелагонија и Југозападот, одрони…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
Свлечишта, одрони и излеани реки на повеќе…
Вонредна информација за состојбата по обилните врнежи…