Опасно е да дишете во Кавадарци и Струмица: Мерните станици покажуваат огромна концентрација на ПМ10 честички во воздухот

t

Секое вдишување во Кавадарци и Струмица вечерва е опасно за здравјето бидејќи нивото на ПМ10 честичките е неколкукратно поголемо од дозволените вредности.

Како што покажуваат мерните станици, нивото на опасни честички во Струмица изнесува 337 микрограми на кубен метар, додека во Кавадарци изнесува 309.

Дозволена количина на концентрација на ПМ10 честички е 50, а како што може да забележите во Струмица дозволената вредност е надмината за речиси седум пати, додека во Кавадарци за шест пати.

Како што може да забележите од податоците на МојВоздх, скопската општина Гази Баба исто така има големо ниво на ПМ10 честички, а во низата најзагадени градови следуваат и Гостивар и Кичево.

Денеска Владата на Република Македнија донесе мерки за намалување на загадувањето, а се препорачува и бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар да бидат ослободени од работните обврски.

Едни од најштетните последици од загадувањето на воздухот се кисели дождови, ефект на смог, истребување на разни видови растенија и животни, ефект на стаклена градина.. Кај човекот загадениот воздух може да предизвика проблеми со дишните патишта, особено кај лицата кои имаат болести на дишните патишта и белите дробови.

Загадувањето многу често е предизвикано од неправилното отстранување на цврст отпад, екскрети и токсични производи, заедно со фабрики и индустрии, пожариж, моторни возила, апарати за домаќинство, машини, алати и многу повеќе.

Загадувањето на воздухот е проблем на целата територија на Македонија, за кој надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање очигледно не презема некакви мерки, или барем не гледаме ефект од истите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче од Струмица: Да не оставиме ниту…

Неврохирургот Венко Филипче при својата вчерашна посета…

Возило се преврте кај кавадаречкото село Дреново

Сообраќајна несреќа се случила утрово кај кавадаречкото…

Тренчевска-Николовски: Од 2017 година до денес сме…

Денеска во Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство…

„Борбата за подобра Македонија никогаш не запира“:…

Градоначалнилчката на Град Скопје и лидер на…