Опожарени три возила во Чаир
На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР Скопје, А.А.(42) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир биле опожарени неговото патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на М.М.. Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Р..
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Сам одлучив да ги запалам“: Обвинетиот за…
Обвинетиот за подметнувањето пожар на две дипломатски…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
(Видео) Откриен магацин со нелегални лекови во…
На 21.09.2026 година, спроведено е полициска акција…
Тошковски: Интензивно се работи на расчистување на…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска…