Опомена за фановите на Левски: Не носете ножеви, Македонците ќе ви ги земат
Екипата на Левски денеска потврди дека ги продала сите 1.600 влезници кои ги доби од Шкупи за квалификацискиот меч од Конференциската лига, закажан за утре на „Тодор Проески“, што заедно со билетите купени од бугарски фанови кај нас се доаѓа до бројка од околу 2.000 „левскари“ кои ќе се најдат на скопската Арена.
Според бугарските медиуми, кон македонската престолнина ќе дојдат највоинствените навивачи на гигантот од нашиот западен сосед, што е причина за зголемена готовност кај македонската полиција. Знаејќи си ги своите навивачи, луѓето од управата на Левски дури објавија предупредување до нив да не носат ладно оружје во Скопје (се мисли на ножеви), бидејќи Македонците ќе им ги земат, а потоа и казнат според законите.
„Кога ќе ја минувате границата со Македонија, бидете подготвени на детални претреси од нивната полиција, што значи дека секое носење ладно оружје и носење ќе носи ризик да бидете фатени и казнети. Според македонските закони, носењето на такво оружје носи сериозни санкции“, се вели меѓу другото во опомената до навивачите на Левски.
Како се приближува одигрувањето на утрешниот меч, така се вжештува атмосферата во јавноста во двете соседни држави, меѓу кои во последно време владее антагонизам поради сѐ поизразените претензии од бугарска страна кон Македонија, а особено по најавите за палење македонско знаме на трибините на скопската Арена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…