Објавено на:

Општина Гостивар: Се работи на нормализирање на водоводниот систем

t

Општина Гостивар информира дека Главниот кризен штаб на централно и локално ниво, заедно со ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, работат на терен за нормализирање на состојбата во водоводниот систем.

Од Општината апелираат граѓаните да се информираат исклучиво преку официјални извори и да не им веруваат на непроверените информации кои кружат на социјалните мрежи.

Според соопштението, за секој нов развој на состојбата јавноста навремено ќе биде информирана, вклучително и за резултатите од анализите за квалитетот на водата и состојбата на системот за водоснабдување.

„Општина Гостивар, Главниот кризен штаб на централно и локално ниво, како и ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, интензивно работат на терен за нормализирање на состојбата во водоводниот систем. Ги повикуваме граѓаните, во однос на текот на процесот, да се информираат исклучиво преку официјалните соопштенија на надлежните институции и да не шират или да се потпираат на лажни информации кои кружат на социјалните мрежи.

За секој нов развој, граѓаните навремено ќе бидат информирани, како за анализите и резултатите од квалитетот на водата, така и за состојбата на водоводниот систем“, велат од Општина Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гостиварци нема да ги плаќаат фактурите за…

Со последната одлука на Општинскиот совет, гостиварци…

СДСМ: Зошто и по шест недели по…

Соопштение на СДСМ Зошто и по шест…

Прекината епидемијата во Гостивар – нема нови…

По периодот на зголемен број стомачни тегоби…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…

„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…

Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…