Општина Карпош набави електрична машина за чистење на отпад
Од сопствени средства предвидени во Буџетот, Општина Карпош издвои 1.600.000 денари за набавка на нова машина за одржување на јавната хигиена на своја територија.
– Станува збор за механизација којашто е сертифицирана според програмата на „Зелени машини“, кои се дел од производствената линија на фабриката „Брако“ од Велес. Бидејќи целосно работи на електричен погон, машината пред сѐ не ја загадува околината и не прави бука, а истата е наменета за чистење на поситен отпад, метење и вшмукување на смет на плоштадите, платоата, пешачките патеки и тротоарите ширум општината, информираа од општина Карпош.
Со цел одржување на чиста животна средина, локалната самоуправа преку поднесен проект во Бирото за регионален развој е во процедура за набавка на уште две таканаречени „паметни машини“, кои би служеле за чистење на понедостапни улици низ Карпош, додаваат од општината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бизнисменот Азманов физички нападнат на судско рочиште…
Зоран Азманов, управител на градежната компанија „Настел“,…
КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…
Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…
Славески: Најдобрата опција е ова што го…
Најдобрата опција е ова што го правиме…
Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…
Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…
Стравот од ВИ ги урна светските берзи:…
Светските берзи на 6 ноември забележаа остри…