Објавено на:

Општина Карпош отстапи објект во Влае за дневен центар за лица со попреченост

t

По иницијатива на советниците од Левица, Општина Карпош отстапи на користење објект кој ќе биде приспособен и наменет за Дневен центар за лица со попреченост

По претходна теренска обиколка на објектите кои се во сопственост на Општина Карпош, советниците од оваа партија, со помош на градоначалникот Стевчо Јакимовски и одделението за поддршка на Советот, одлучија дека објектот на општината во Урбаната заедница Влае 1 ќе биде најсоодветен за таа намена.

Како што соопштуваат од Левица, целата процедура и минимум стандардите за отварање на објект од таков тип треба да ги види и одобри Министерството за труд и социјална политика за што советниците треба да одржат состанок веќе наредната недела.

Истовремено ги повикуваме сите хумани физички и правни лица, општествено одговорни компании доколку сакаат да помогнат финансиски да не контактираат. Општината за таа цел од буџетот издвои 2.000.000 денари кои беа донесени и изгласани во програмата на детска и социјална заштита за 2025 година – велат од паријата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…

Од МВР информираа дека е расчистен случајот…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

Мајка нападнала дете во игротека во Карпош

На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…

СДСМ бара вонредна седница на Советот на…

„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно…

(Видео) Ако Лукровски не може, не знае…

Ако Стори Лукровски не може, не знае…