Општина Карпош со соопштение: Во Советот има советници кои лечат фрустрации – Вељановски нема поим каков колекторски систем се наоѓа кај Алумина

t

За жал во Советот на општина Карпош има советници, сезнајковци, кои неуспехот во својата кариера се обидуваат да го компензираат со фрустрации во Советот на општина Карпош. Таков е советникот од ВМРО ДПМНЕ Роберт Вељановски, актер по занимање кој четири години не глуми, а зема плата од државата. Енормното слободно време го компензира со мудрување во општина Карпош. Недоволниот професионален ангажман го надоместува со обидите да се направи експерт дури и за канализации, кажувајќи небулози дека главниот проблем за проектот ,,Алумина” била канализацијата со димензии Ф400. Истиот нема поим дека ,,Алумина” се наоѓа во непосредна близина на колекторскиот систем кој е со димензии Ф700.

Инаку тој кажува дека не верувал никому а посебно на градоначалникот Јакимовски. За градоначалникот Јакимовски е најважно што ја ужива довербата во граѓаните, а овој советник и неговата дружина се познати по тоа што не веруваат никому. Тие не веруваат на Данела Арсова, не му веруваат на Жозеп Борел, на Јенс Столтенберг, на Џејмс О’Брајeн, на амбасадорката Анџела Агелер, на претставникот на ЕУ Дејвид Гир, но веруваат само во Мицкоски.

Вербата во овој деструктивен елемент создава впечаток како да овие луѓе се урочени од некоја бајачка, па не веруваат во ниту еден проект во ниту една градба во општина Карпош, и наместо во црква, се крстат и се поклонуваат само во барокното здание што се вика Бела Палата. Нивната верба е лажниот барок, како што е лажен нивниот патриотизам, како што се лажни нивната борба против криминалот и нивните политики, а белото здание е вистински пример дека се лажни заштитници од бетонизацијата и борци за зелени површини, беспрекорни фолиранти за наводна грижа за граѓаните.

На сите ни е јасно дека нивна единствена грижа е како да се докопаат до власт, не бирајќи притоа средства и методи злоупотребувајќи и болни луѓе, злоупотребувајќи и смрт на деца, само да покажат дека тие се вистинските. За среќа, сите ние го гледаме нивното вистинско лице, а тоа е осумкатното бело здание наречено Бела Палата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим…

Апасиев очекува над 80 илјади гласови и…

Резултатот од првиот круг реално беше очекуван,…

Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна…

САД засега нема системи за противвоздушна одбрана…

Мојсковска: Левица со антикорупциска платформа ќе се…

Денес, носителот на листа на ИЕ5 од…

Таџикистан им нареди на своите граѓани привремено…

Министерството за надворешни работи на Таџикистан упати…