Објавено на:

Општина Карпош: Целосно се менуваат прозорците во спортската сала на ООУ „Аврам Писевски“

t

Општина Карпош започна со целосна промена на прозорците во спортската сала на ООУ „Аврам Писевски“.

– Летниот период е најидеалниот период за реконструкција и обновување на одредени објектите. Така, по промената на прозорите, покривот и фасадата на истото училиште во 2012 година, својот ред го доби и салата во која спортуваат најмалите. Локалната самоуправа за оваа намена, од својот буџет, одвои околу 630.700 денари, а во реконструкцијата влегуваат ПВЦ конструкција вклучувајќи, рамка, крила и т-пречки, изработени од шестокоморни профили со двоен дихтунг за звучна и термо изолација, велат од општина Карпош.

Денеска градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски беше во обиколка на оваа училишна установа.

– Овој период ги менуваме стаклата, односно прозорите во спортската сала Аврам Писевски, ќе се постават заштитни кутии, и на тој начин ќе ги заштитиме учениците од несакана незгода при кршење од топка или било што друго. Прозорите ќе располагаат со механизми за отворање и затворање, со цел да се ветрее просторијата. Покрај ова, училиштето “Аврам Писевски,, ќе биде и целосно бојадисано, учениците ќе дојдат во комплетно ново училиште. Од сега па натаму, во сите училишта бојата ќе биде антибактериска, која ќе може да се чисти и со водена крпа. Продолжуваме со овие наши инвестиции за подобрување на материјалните услови за живот и работа на нашите најмлади жители во Општина Карпош, истакна Јакимовски.

Рокот на изведба на прозорите во спортската сала е 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радовишанец им се заканувал на вработени во…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…

Трамп му нареди на Министерството за правда…

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…