Општина Кисела Вода донесе повеќе одлуки и мерки, со цел помош и заштита на граѓаните од временските услови и снежните врнежи

t

Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување од природни непогоди предводен од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес, во просториите на Општина Кисела Вода одржа координативен состанок. Согласно дестабилизацијата на временските услови и снежните врнежи кои од утринава не престануваат, донесени се повеќе одлуки и мерки, со цел помош и заштита на граѓаните.

На состанокот беа дефинирани критичните точки во општината и се направи план за мобилизација на дежурни тимови, кои навремено ќе реагираат и во текот на ноќта и во деновите кои следат, се до стабилизација на временската состојба. За очекуваните замрзнати јавни површини, обезбедени и поделени по месните и урбаните заедници, градинките и училиштата, се 400 вреќи со сол. На располагање стојат неколку камиони специјализирани за чистење на снежните наноси, како и неколку општински трактори со кои ќе се чисти снегот на тесните улици, патеки и тротоари.

Покрај целокупниот човечки потенцијал, Општина Кисела Вода на располагање на граѓаните ги става и сите службени возила. Имено, доколку имаат некаква итна потреба и заради временските услови се спречени да ја остварат, можат да се јават на телефосниот број 075/309-548 (Далибор), да пишат на [email protected] или на фејсбук страницата на Општина Кисела Вода. Нашите тимови координирано ќе излезат во пресрет на жителите и нивните неопходни потреби. Воедно, ги повикуваме граѓаните да не контактираат и доколку некаде е потребна дополнителна интервенција за расчистување на снежните наноси.

Општина Кисела Вода упатува апел до деловните субјекти и сопствениците на јавни објекти на оваа територија за почитување на законската обврска за расчистување на снегот пред влезот на истите. Воедно, се замолуваат исчистениот снег да не го фрлаат на улиците со што би ја отежнале работата на нашите служби. Воедно, апелираме и до сите жители на оваа територија да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…