Објавено на:

Општина Центар побара засилена контрола од МВР на детските игралишта

t

Општина Центар ги обнови детските игралишта кај „Зебра“ во Капиштец и кај КАМ маркет во Дебар Маало, при што дотраените и оштетени реквизити се заменети со нови за да се обезбедат побезбедни и поквалитетни услови за игра и рекреација на децата, информира градоначалникот Горан Герасимовски.

Тој упати апел за зачувување на урбаната опрема, нагласувајќи дека јавниот простор е заедничка одговорност.

„На барање на жителите побаравме засилено присуство на МВР на терен, особено во вечерните часови, кога има појава на вандализам и оштетување на детските игралишта. Во општината има околу 50 детски, спортски, маалски и училишни игралишта. Даваме сѐ од себе да ги одржуваме и унапредуваме, но за жал често се соочуваме со нивно оштетување, поради што повторно вложуваме средства за нивно санирање. Апелирам до граѓаните заеднички да водиме грижа за јавното добро и да ги чуваме содржините што се наменети за сите“, порача Герасимовски.

Тој потсети дека Општина Центар иницираше измени на повеќе закони со цел поефикасно справување со девијантното однесување кај младите, меѓу кои и воведување општокорисна работа за малолетните вандали и нивните родители.

За 2026 година, додаде Герасимовски, Општина Центар има издвоено 12 милиони денари за обнова и реконструкција на детските и спортските игралишта на својата територија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Уапсен 62-годишен тетовец по сомнение за…

По видео објавено на социјалните мрежи, 62-годишен…

Најмалку 151 руски и осомничени руски хибридни…

Пожари во магацини, експлозивни пакети во курирски…

НАПАДНАТ 13-ГОДИШНИК ВО СКОПЈЕ: Родител на негов…

13-годишно момче од Скопје било донесено со…

Голема утеха од Брисел: Напредокот ѝ е…

Напредокот ѝ е потребен на Македонија пред…

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишени од…

Четири лица се лишени од слобода во…