Објавено на:

Општ бојкот на наставата утре?!И УСС на УКИМ го поддржува протестниот „Марш за ангелите“ – сите пред обвинителство

t

Универзитетското студентско собрание на УКИМ ја дава својата јавна поддршка на протестниот марш „Марш за ангелите”, кој ќе се одржи утре, 29 април 2025 година, во Скопје, во организација на семејствата настрадани во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани.

Протестот ќе започне пред Обвинителството во Скопје во 12:05 часот – време кое симболично ја означува задоцнетата реакција – и ќе продолжи кон Градскиот плоштад, а потоа пред Собранието на Македонија.

-Како Универзитетското студентско собрание на УКИМ, сметаме дека е наша обврска, пред сè како граѓани, а потоа и како студентска заедница, да застанеме во знак на сочувство и поддршка кон оние кои претрпеа голема загуба и заедно да повикаме на одговорност и правда. Го поддржуваме барањето за јасни одговори и за итно преземање на одговорност од страна на институциите.

Ги повикуваме сите студенти, како и целата јавност, да се приклучат и достоинствено, но гласно, да испратиме порака дека Македонија заслужува подобро, стои во соопштението на УСС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…

Кисела Вода има прилив на првачиња и…

Кисела Вода е општина што има прилив…

Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…

Автобус со 84 српски туристи излетал од…

Автобус со 84 патници, сите државјани на…

Спречен нов масовен обид за илегален влез…

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…