Објавено на:

Орбан вели дека ЕУ треба да се шири на југ а не на исток, му даде поддршка на Додик

t

Во петокот во Бања Лука, унгарскиот премиер Виктор Орбан ги критикуваше плановите за проширување на Европската унија на истокт од континентот и смета дека приоритет треба да биде проширувањето на југ, односно на Западен Балкан, а во исто време уште еднаш ја изрази своето поддршка за раководството на босанските Срби и нивната политика.

„Нашата гледна точка е дека прво треба да се заврши процесот на проширување на југ, а дури потоа да се справиме со проширувањето на исток, бидејќи тоа е многу покомплицирано и поскапо“, рече Орбан кој беше на дводневна официјална посета на Босна и Херцеговина.

Во четвртокот го посети Сараево и таму одвоено се сретна со членовите на Претседателството на БиХ и со претседавачот на Советот на министри, Борјана Кришто.

Во Сараево остана неполни три часа и не даде изјава за тамошните медиуми, а веднаш по тричасовниот престој во главниот град на Босна и Херцеговина, отпатува за Бања Лука, каде што му беше приреден свечен пречек, гледајќи овој гест како директна поддршка на политиката на раководството на босанските Срби.

Во петокот нивниот лидер Милорад Додик, на Орбан му ја врачи наградата што му ја додели кога го прослави 9 јануари како ден на Република Српска, и покрај пресудата на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, кој тој празник го прогласи за неуставен. Додик претходно го додели истиот орден и на рускиот претседател Владимир Путин, кој заедно со унгарскиот премиер го означува како најголеми поддржувачи на неговата политика и поради што е под санкции од САД, Велика Британија и Германија.

Нарекувајќи го Орбан „драг пријател“, Додик му се заблагодари за пријателството и поддршката и тврди дека Србите и Унгарците се постојани пријатели кои денес заеднички „ги бранат традиционалните вредности“.

„Ова е израз на нашата најголема љубов кон вас“, рече Додик, заблагодарувајќи му постојано на Орбан за политиката што ја води неговата влада, а особено за оценката дека треба да се намалат активностите на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина.

Гоповтори своето тврдење дека во Република Српска не сакаат да го урнат уставот на БиХ, туку ги бараат своите права за зачувување на автономијата според Дејтонскиот мировен договор од 199 5 година, а од Орбан побара да се заложи за внатрешен договор во БиХ во ЕУ.

Орбан, кој го нарече Додик „драг Милорад“, рече дека признанието е поттик за него да продолжи со досегашната политика, која вклучува, како што рече, поддршка на борбата на Србите за нивната позиција во денешниот свет.

„Отсекогаш сум им оддавал признание на Србите како го бараат своето место во светот денес“, рече Орбан и додаде дека со текот на годините „се уверил дека меѓународната политика кон Србите е неправедна“ и дека без вклучување на Србите, нема стабилна ЕУ.

При престојот во Бања Лука, унгарскиот премиер отворено го критикуваше високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит кого инаку не го признаваат Република Српска но и Русија и Кина затоа што е назначен на позицијата без вообилаената расправа во Советот за безбедност на ОН, за наметнување технички измени во изборниот законик. Орбан ја нарече таа одлука „провокативна“, тврдејќи дека на овој начин е доведен во прашање сиот неодамнешен напредок постигнат во БиХ.

„Не треба да се мешаме, треба да ви помогнеме“, рече Орбан, велејќи му на Додик дека сè уште може да смета на поддршката од Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот за човекови права на ОН ќе…

Работната група на Универзалниот периодичен преглед (УПП)…

Уште пет дена кампања за претседателските и…

Кандидатите за претседател на државата, партиите и…

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја…

Денеска се празнува Велики Четврток: на Тајната…

На светиот и велики четврток, светите Отци,…

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно, на повеќе места…

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Од…