Орбан: Владата ќе ги намали цените на основните прехранбени производи
– Унгарската влада од февруари ќе донесе уредба за намалување на цените на шест основни прехранбени производи, изјави денеска премиерот Виктор Орбан, најавувајќи мерки за намалување на инфлацијата.
Орбан, кој се очекува жестоко да се бори на парламентарните избори на 3 април, рече дека од следниот месец цените на брашното, шеќерот, сончогледовото масло, млекото, свинското и пилешките гради мора да се намалат на ниво од средината на октомври, пренесува Ројтерс.
„Цените растат низ Европа поради поскапувањето на енергенсите“, рече Орбан во видео пораката по состанокот на владата, нагласувајќи дека намалувањето на цените мора да се примени низ целата земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…
РУСКИ ДРОН УБИ СВЕШТЕНИК ВО УКРАИНСКИ МАНАСТИР…
Руски FPV-дрон удрил во манастир во селото…
(Видео) Масовен напад со дронови врз Москва,…
Москва и поширокиот московски регион во текот…
ФБИ ја обвини Русија дека „планирала да…
Обвинението на ФБИ против Русија беше објавено…