Објавено на:

Орбан: Да беше Трамп претседател на САД, ќе немаше војна во Украина

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го критикуваше Западот за начинот на кој се справува со кризата меѓу Русија и Украина, велејќи дека војната можела да биде спречена доколку Доналд Трамп бил претседател на Соединетите Американски Држави (САД) во тоа време.

„Да имаше сериозен претседател, како Доналд Трамп, тој ќе ја спречеше војната“, рече тој во интервју со водителот Бен Шапиро.

Зборувајќи за војната во Украина, тој изрази остро критички став кон справувањето на Западот со кризата, објаснувајќи дека Украина служела како тампон-зона помеѓу Русија и НАТО сè додека западните лидери, со поддршка на САД, не се обиделе да ја интегрираат во западните воени и економски структури.

„Русите категорично изјавија дека нема да го толерираат ова“, рече тој, тврдејќи дека друг американски претседател можел да ја спречи ескалацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: Гренланд ќе биде првата линија на…

Военото присуство на САД на Гренланд ќе…

Трамп: Америка се врати и ѝ оди…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пред Генералното…

Иран само во септември заработил повеќе од…

Приходите на Иран од продажба на нафта…

Трамп промовира „масовен“ договор со Белорусија за…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…

Трамп: Дел од медиумите се закана за…

Американскиот претседател Доналд Трамп обвини некои медиуми…