Објавено на:

Орбан до Туск: Можеби мислите дека сте во војна со Русија, но Унгарија не е

t

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска му порача на премиерот на Полска Доналд Туск дека со судир со Русија игра опасна игра со животите на милиони Европејци.

– Драг Доналд Туск, можеби мислите дека сте во војна со Русија, но Унгарија не е. Истото важи и за Европската унија. Играте опасна игра со животите и безбедноста на милиони Европејци. Ова е многу погрешно, напиша Орбан на Х.

Изјавата на Орбан следува откако Туск вчера во говор на Варшавскиот безбедносен форум, рече дека војната во Украина е дел од „страшен политички проект“.

– Се допаѓа тоа некому или не, ова е и наш судир. Мора да бидеме свесни дека ова е наша војна, бидејќи војната во Украина е само дел од овој проект. Целта секогаш е иста — како да се поробат народи, како да им се одземе слободата на поединците, рече Туск.

Полскиот премиер нагласи дека мирот во овој дел на светот не е нешто што се подразбира, туку треба да се обезбеди.

Тој истакна дека Америка има право да очекува поголемо учество од Европа, исто како што Европа има право да очекува САД да ја стават трансатлантската заедница меѓу приоритетите.

– Ако ја загубиме оваа војна, последиците ќе влијаат не само на нашата генерација туку и на следната, во Полска, Европа, САД и во целиот свет, нагласи Туск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова изрази сочувство до Јотова за…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази сочувство до…

Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше…

Екс студент остави писмени закани до деканот…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38)…

Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…

Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…

Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со…