Орбан: Европа балансира на работ на војна, конфликтот ќе заврши само со преговори меѓу Русија и САД
Според унгарскиот премиер Виктор Орбан, Европа е „на работ на војна“ и се става во исклучително опасна позиција, бидејќи Западот му доставува сè повеќе смртоносно оружје на Киев.
Земјите од ЕУ, во обид да обезбедат воена помош за Украина, можат да одат дотаму да испратат „мировни трупи“. Ова мислење го искажа унгарскиот премиер додека зборуваше во Будимпешта со говор за политичките приоритети на неговата влада, пренесе Тасс.
Орбан потсети дека, на пример, Германија започна со снабдување на шлемови на Украина.
„Тие продолжија со испорака на несмртоносно оружје, сега испраќаат тенкови, а борбените авиони се веќе на дневен ред, а наскоро ќе слушнеме и за таканаречените мировни сили“, наведува Спутник.
Орбан предупреди дека Европа веќе „балансира на работ на војна“ и дека е ставена во многу опасна позиција.
Конфликтот во Украина може да заврши само со преговори меѓу Русија и Соединетите Американски Држави, тоа неизбежно ќе се случи, а колку подоцна се случи, толку ќе биде повисока цената, смета Орбан.
Орбан истакна и дека унгарската влада, како што пренесува Спутник, не верува дека Русија ја поткопува безбедноста на Унгарија и на цела Европа.
„Унгарската влада не се согласува со хипотезата дека Русија ја загрозува безбедноста на Унгарија и на цела Европа. „Кога станува збор за атомско оружје, ситуацијата е таква што војната во Украина ниту го зголемува ниту го намалува ризикот од нивна употреба“, рече Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…