Орбан: Европските гласачи беа измамени
СВЕТОрбан: Европските гласачи беа измамениОбјавено пред 4 минути – 27 јуни, 2024Од В. Ј. / Макфакс
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска, по повод договорот на три политички групи во Европскиот парламент за распределба на водечките функции во ЕУ, што го нарече „срамно“, изјави дека европските гласачи биле измамени.
dobivaj vesti na viber
На социјалната мрежа Икс, Орбан ја обвини Европската народна партија (ЕПП) за формирање „коалиција на лаги со левицата и либералите“.
„Не го поддржуваме овој срамен договор!“, рече Орбан, во време кога во Брисел се одржува самитот на лидерите на ЕУ, на кој се очекува шефовите на држави и влади на ЕУ да донесат одлука за тоа кој ќе биде нов претседател на Европската комисија, кој ќе биде нов претседател на Европскиот совет и кој ќе биде новиот висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.
Претходно оваа недела, шест преговарачи од три политички групи во Европскиот парламент – ЕПП, социјалдемократите и либералите постигнаа договор да ја номинираат актуелната претседателка на Комисијата Урсула фон дер Лејен за втор мандат, поранешниот португалски премиер Антонио Кошта од редовите на социјалдемократите да биде претседател на Европскиот совет, додека естонската премиерка Каја Калас од редовите на либералите требаше да биде шеф на европската дипломатија.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони, чија политичка група Европските конзервативци и реформисти станаа трета по големина во ЕП по европските избори и ги собори либералите од таа позиција, го осуди овој вид на договор меѓу политичките групи.
Мелони рече дека е „надреално“ што мислењето на европските гласачи не е земено предвид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…