Објавено на:

Орбан е клучен за иднината на христијаните и христијанството: Додик му се заблагодари на унгарскиот премиер

t

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина од Република Српска, Милорад Додик, пред два дена испратил писмо до унгарскиот премиер Виктор Орбан за да му ја честита изборната победа, за која рече дека е „одлична за Србите од РС“, јавија денеска босанските медиуми.

Додик му напишал на Орбан дека ја поддржува неговата политика за забрана на влез на мигранти од арапските земји и оти го смета за клучен за „иднината на христијаните“.

„Се согласувам со вас дека со одобрената имиграција, Европа исто така работи на укинување на својата биолошка иднина заснована на христијанските вредности и принципи… Унгарија препозна дека вистинскиот начин за биолошко обновување на нацијата е нејзината зголемена стапка на наталитет, а не увозот на луѓе од други култури, цивилизации и нехристијански вери. Република Српска ги препознава овие вредности како свои и во границите на своите можности“, напиша Додик.

Тој наведува и дека му се восхитува на Орбан токму затоа што во срцето на Европа се спротивставува на западните ставови, пренесува сараевскиот портал Кликс.

Се восхитуваме на вашата храброст и одлучност што Унгарија дава поддршка на мултилатералните организации чиишто членка е само до степен до кој тоа не му наштети на унгарскиот народ и неговата иднина“, напиша тој.

„Благодарение на институциите на РС, БиХ не воведе санкции кон Русија ниту застана на страната на Украина, без разлика колку сочувствуваме со страдањата на Украинците. Ние веруваме дека за нас е најмудро и најхумано да бидеме неутрални, да бидеме на страна на мирот и дијалогот“, напиша Додик.

На крајот, тој изразил задоволство што Орбан на свеченоста на објавувањето на новиот мандат го посочил српскиот народ како пријателски.

Додик и официјално се потпиша како „српски член на Претседателството на БиХ“, што, како што потенцира Кликс, е непостоечка уставна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Итна евакуација на две болници во Киев…

Градската државна на Киев извести дека итно…

Исчезна малолетничка од Петровец, братот се сомнева…

Малолетничка се оддалечила од домот во Петровец,…

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка…

Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби…

Листа на најбогати пејачи во Србија: Некои…

„Информер“ ја објави листата на најбогати пејачи на…

(Видео) Почина бебето кое со царски рез…

Почина девојчето кое се роди со царски рез откако…