Орбан за Зеленски: Немам намера поради идиот да си ја изгубам државата
Жесток дипломатски спор има во моментов меѓу Киев и Будимпешта, па двете страни разменуваа навреди меѓу себе поради актуелната ситуација со војната.
Проблемот се појави кога претседателот на парламентот на Унгарија, Ласло Ковер го осуди ставот на украинските претседател Влодимир Зеленски кон другите народи.
„Не можам да се сетам дека некој лидер на земја кој има потреба од помош зборува како што тоа го направи Зеленски, кој зборуваше против Унгарија, но и германската канцеларка“, кажа Ковер.
Оваа изјава предизвика реакција од Киев, кога паднаа навреди врз Ковер и кога портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко кажа дека тој треба да им достави докази за сопственото психичко здравје.
Овде не запреа препукувањата затоа што потоа новинарот Тим Андерсон објави изјава на Виктор Орбан.
„Јас сум Унгарец по националност и не сакам да си ја изгубам државата поради еден идиот“, кажал Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…