Орбан: Невозможно е Украина да ја победи Русија, тоа е лага!
Западното мислење дека Украина има предност во конфликтот е лага, а Русија е невозможно да се победи, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во интервју за американскиот ТВ-новинар Такер Карлсон, Орбан рече дека Украинците се „неконкурентни“ без помошта на Западот и дека затоа САД го имаат клучот за мирот во регионот.
“Тоа е лага. Не само недоразбирање, туку лага. Невозможно е. Секој во политиката кој разбира логика, бројки, податоци – нема шанси“, одговори Орбан коментирајќи го преовладувачкиот став во САД дека Украина победува.
„Ќе останат без војници пред Русија“, додаде тој.
Според Карлсон, бројот на убиените Украинци е стотици илјади, а Орбан додаде дека меѓу нив има и етнички Унгарци.
Обидот на која било западна земја да испрати свои војници во Украина би значел „директна војна“ меѓу Западот и Русија.
„И веднаш ќе се сретнеме во третата светска војна. Така што сега е многу опасен момент“, рече премиерот.
Според него, Русите нема да го предадат својот лидер, тие ќе ја чуваат земјата да не се распадне и ќе ја заштитат, ќе инвестираат повеќе пари и ќе произведуваат повеќе оружје од нивните противници.
„Затоа не треба погрешно да ги разберете Русите“, рече Орбан.
На прашањето што би направил доколку би бил на чело на НАТО и „да биде, да речеме, Џо Бајден“, Орбан одговори: „Мир, сега. И веднаш го повика Трамп. Тоа е тоа”.
Тој додаде дека ако САД сакаат да го вратат мирот до „утре наутро“, би можеле да го сторат тоа.
„Очигледно е дека Украинците не се во состојба сами да го извлечат тоа. Тие не се конкурентни во оваа војна. Ако нема пари и оружје од Запад, особено од САД, тогаш војната е завршена. Одлуката е во ваши раце“, изјави Орбан.
„Се разбира, зборуваме за Украинците, тие не треба да се игнорираат, тие мора да бидат вклучени, но вистинскиот фактор не е Украина“, додаде тој.
Орбан, исто така, ја нарече идејата за одземање на Крим од Русија „целосно нереална“.
„Тоа не доаѓа предвид“, потенцира унгарскиот политичар.
Европската безбедност е невозможна без Русија
Орбан оцени и дека создавање на европски безбедносен систем е можно само со учество на Русија.
„Од моја гледна точка, без вклучување на Русија во европската безбедносна архитектура, невозможно е да се обезбеди безбеден живот на Европејците“, рече тој.
Тој не се согласува со тврдењата дека дејствува во интерес на Русија.
Се трудам да одржувам нормални односи со Русија, особено во економската и енергетската сфера“, изјави унгарскиот премиер.
Орбан нагласи и дека сега Русија не се соочува со НАТО како сојуз, туку пред се со Вашингтон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…