Орбан: Нема да умреме за Украина, ниту ќе ги слушаме наредбите од Брисел
Унгарскиот премиер Виктор Орбан во објава на социјалните мрежи изјави дека граѓаните на неговата земја нема да ги слушаат наредбите на Брисел ниту ќе умрат за Украина.
Најавувајќи го своето јавно обраќање денес, Орбан ја нарече Украина кланица.
„Дојде денот на Будимпештанскиот марш на мирот. Денес испраќаме порака до целиот свет: Унгарија вели НЕ на војната! Нема да умреме за Украина. Нема да ги праќаме нашите деца во кланица по наредба на Брисел“, рече Орбан на социјалната мрежа X.
Соопштението на унгарскиот премиер доаѓа на денес, кога американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го откажал планираниот самит со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, велејќи дека не верува оти разговорите ќе ги дадат посакуваните резултати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Масовен напад врз Москва, Украина ноќеска ја…
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави…
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…