Орбан не го повлекува ветото за Унгарија ни пред заминување: „Нема нафта – нема пари“
Унгарија уште не е подготвена да го повлече ветото за заем од 90 милијарди евра за Украина, освен ако Киев не продолжи со транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“, изјави унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан.
„Преку Брисел добивме индикација од Украина дека се подготвени да продолжат со испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“ веќе утре, под услов Унгарија да ја укине блокадата на заемите од ЕУ од 90 милијарди евра“, напиша Орбан на „X“ и додаде дека ставот на Унгарија не се променил: нема нафта – нема пари.
„Кога ќе се обноват испораките на нафта, повеќе нема да стоиме на патот на одобрувањето на заемот. Исплатата на заемот не претставува финансиски товар или обврска за Унгарија“, рече Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…
Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…