Орбан: Никој од Брисел не го дал животот во Украина, АМА УНГАРЦИ ГО ДАЛЕ
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Будимпешта изјави дека ниту еден граѓанин на Брисел не го дал животот во Украина, но дека тоа не е случај со Унгарците.
Орбан истакна дека војната се води на прагот на Унгарија, пренесува унгарската агенција МТИ.
Премиерот на Унгарија ги критикуваше Киев, Брисел и Вашингтон за нивниот однос кон унгарското национално малцинство во западна Украина. Според него, додека „многу Унгарци во Украина умираат со херојска смрт на фронтот“, се отстрануваат унгарските национални симболи во Мукачево и Мункач, а се менуваат и директорите на унгарските училишта.
Како што војната во Украина станува сè побрутална, тонот кон Унгарија ќе станува се поостар, додаде Орбан.
Тој изјави дека Унгарија мора да биде подготвена за се посилни „провокации, навреди, закани и уцени“.
„Дипломатскиот притисок повеќе не го признава суверенитетот“, рече Орбан.
Зборувајќи за американскиот претседател Џозеф Бајден, Орбан рече дека Бајден за амбасадор во Унгарија го назначил Дејвид Пресман, кој според него е „човек за притисок“.
Целта на назначувањето на тој амбасадор е по секоја цена да се натераат Унгарците да влезат во воениот логор, заклучил Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…