Орбан: Одржувањето стратешки мир во време на војна е од суштинско значење

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека одржувањето на „стратешкиот мир“ во време на војна е од клучно значење.

Говорејќи во Брисел, премиерот го истакна неговиот неодамнешен предлог за примирје и размена на воени заробеници за време на православниот Божиќ во конфликтот меѓу Русија и Украина, пренесе МТИ.

Орбан рече дека го убедил рускиот претседател Владимир Путин дека треба да го разгледа неговиот предлог, додека Украинците, како што наведе, имале „инстинктивна реакција“.

Сепак, тој додаде дека ако Украинците размислуваат, „лесно“ би можеле да се предомислат, што, според него, би било во нивен интерес.

Орбан рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „е лидер на земја која е во неволја, со странски војници на нејзина територија, која изгубила милиони луѓе“, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радомир Саичиќ официјално е кандидат од Студентска…

Студентската листа официјално го претстави својот кандидат…

Расчистено убиството кај Смилковско езеро, уапсениот го…

МВР информира дека вчера по преземени оперативно…

15 девојчиња помали од 15 години лани…

Бугарската јавност беше шокирана од веста дека…

Татко-монструм: Се заканувал дека ќе ја запали…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С.…