Орбан повика да се укинат санкциите за Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа Х апелираше ЕУ да ја преиспита својата позиција за антируските санкции. Како што вели тој, ограничувањата не му го донеле на Западот посакуваниот ефект.
„Санкциите дизајнирани од бриселските бирократи постигнаа една цел – ја уништија конкурентноста на европската економија. Време е за промени!“, нагласи политичарот.
ЕУ воведе 15 пакети рестрикции против Москва, кои мора да се обновуваат на секои шест месеци. Следната ваква постапка би требало да биде на крајот на јануари.
Орбан потсети дека ограничувањата не ѝ донеле позитивен ефект на Москва, бидејќи не ставиле крај на конфликтот во Украина и дека самата Европа не била во состојба да ги замени енергетските ресурси.
Унгарскиот премиер минатата недела изјави дека започнува нова ера со доаѓањето на Доналд Трамп за претседател на САД и дека е време ЕУ да се откаже од санкциите и да воспостави односи со Русија без нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…