Орбан по Конгресот на ЕПП во Валенсија: Мрачен ден за Европа

t

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан го коментираше собирот на претставници на Европската народна партија (ЕПП) на Конгресот во Валенсија, нагласувајќи дека тоа е „мрачен ден за Европа“.
Орбан во својата објава на социјалната мрежа Х наведе дека на конгресот се донесени срамотни одлуки.

„Вчера беше мрачен ден за Европа. Конгресот на ЕПП одлучи да го поддржи продолжувањето на војната во Украина. Тие сакаат да испратат повеќе пари ви Украина, додека европската економија страда. Каков срам“, напиша Орбан.

Инаку, на годишниот конгрес на најголемата европска партија беше потврдено дека германскиот политичар Манфред Вебер и понатаму останува на функцијата претседател на ЕПП.

„Потребни ни се слини војски за одбрана на нашата сигурност во Европа, но исто така, мораме да обезбедиме заедничка европска структура и архитектура која ќе не направи стабилни во иднина“, рече Вебер.

На Конгресот се разговараше за новата политичка програма за европски центар, а идниот германски канцелар Фридрих Мерц го критикуваше Доналд Трамп, претседателот на САД, во својот говор, наведувајќи дека тој „ја загрозува трансатлантската алијанса“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва тврди дека погодила трговски брод во…

Руските вооружени сили попладнево продолжија со координирани…

Силно невреме во Италија, жена загина во…

Невремето што од вчера ја погодува Италија…

Врнежи, ветер и заладување за време на…

Под влијание на циклонска активност за време…

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…

(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…

Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…