Орбан сепак не ја блокирал помошта за Украина: Опозиционерите му објавиле лажни вести

t

Унгарските медиуми денес ги негираа шпекулациите дека оваа држава ставила вето во ЕУ на големиот заем за Украина вреден 18 милијарди евра.

Веста ја објави порталот 444.hu близок до унгарската левичарска опозиција и нивните меѓународни поддржувачи. Според нивната вест, унгарскиот министер за финансии Михаљ Варга ставил вето на заемот кој Украина би требало да го добие во 2023 година. Ова тврдење одекна силно во Брисел, но подобро упатени медиуми во Будимпешта набргу го демантираа.

Според новинската агенција В4, овој предлог не бил ставен на гласање, и бил симнат од агендата на состанокот на Европската Унија на кој се договарала финансиската рамка за следните години. Варга гласал против на друга точка, која се однесува на амандман за буџетската регулатива, која би овозможила ЕУ да и понуди заем на Украина во контекст на диверсифицираната стратегија за финансирање.

И унгарското Министерство за финансии издаде соопштение во кое вели дека информацијата на 444.hu е лажна вест. Унгарија во принцип се противи на идејата земјите членки на ЕУ да позајмат пари како заедница, и да и ги дадат овие пари на Украина, туку бара упатувањето помош да продолжи како и досега – билатерално. – Цената на војната не е само да се обнови тоа што е уништено.

Се покажа дека финансирањето на самата украинска држава е загрозено. Украина не е во состојба да ги исплаќа долговите, да исплаќа пензии и да ја одржува својата инфраструктура и се сврте кон Западот, кон ЕУ, за помош.

Од нас се бара да даваме 18 милијарди евра годишно за да продолжи финансирањето на украинската држава и ЕУ сака тоа го направи во вид на заеднички долг, со штоќе се претвори во заедница на взаемно задолжени држави, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека Унгарија се противи на ваквото менување на односите внатре во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се…

Унгарија во денешниот несигурен свет има потреба…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…