Орбан: Се додека оваа влада е на власт, УНГАРИЈА НЕМА ДА ВОЈУВА ПРОТИВ РУСИЈА
Унгарија под сегашната влада никогаш нема да војува против Русија, ниту ќе дозволи да биде вовлечена во украинскиот конфликт, рече Виктор Орбан.
За време на гостувањето во радио станицата „Кошут“ тој ја коментираше неодамнешната изјава на градоначалникот на Будимпешта, Гергеј Корачоњ, кој рече дека „Унгарија веќе е во војна со Русија“.
„Ако некој кажува такви работи и не мрда, таа личност едноставно не под здрав ум“, рече Орбан.
Според неговите зборови, „ниту еден здрав човек, кој слушнал за Втората светска војна, не може да си дозволи такви изјави“.
„Се додека оваа влада е на власт, Унгарија нема да војува против Русија“, нагласи Орбан.
Орбан постојано повторува дека водечките земји на ЕУ и другите членки се обидуваат да ја вовлечат Унгарија во војната во Украина и ја повикуваат Будимпешта да почне да го снабдува Киев со оружје, но дека неговата земја е на страната на мирот.
Од почетокот на конфликтот, Унгарија ги повикува Русија и Украина да прогласат прекин на огнот и да започнат мировни преговори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…