Орбан со силна поддршка за Макрон!
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска го поддржа францускиот претседател Емануел Макрон, чија неодамнешна изјава во Кина предизвика критики во Европа и во САД.
Макрон предизвика бурни реакции поради неговата изјава при посетата на Кина, во која наведе дека Европа не треба автоматски да се усогласи со САД или со Пекинг по прашањето за конфликтот околу Тајван.
– Макрон не создава непријатели туку бара потенцијални партнери и со тоа се приближува кон унгарските ставови … Ние (Европејците) треба да се грижиме за нашите, а не за интересите на другите. Треба да се запрашаме дали американските интереси се совпаѓаат со европските, посочи Орбан.
Унгарскиот премиер додаде дека Макрон е единствен европски лидер способен да ги изрази своите мисли на историски начин.
Орбан често е мета на критики од западните партнери поради интензивирање на односите со Москва и Пекинг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…
Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…
(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…
Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…
Францускиот премиер свика кризен состанок откако училишните…
Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…