Орбан: Украина нема да може да ја победи Русија на бојното поле

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Украина нема да може да ја победи Русија на бојното поле, додавајќи дека секој што мисли поинаку е во заблуда.

Се повеќе луѓе велат дека Украина нема да победи на бојното поле“, изјави Орбан во интервју за неделникот „Мандинер“.

Тој изјави дека се согласува со тоа мислење и посочи дека тоа го зборувал од самиот почеток.

Да не се залажуваме дека Украинците можат да ја добијат оваа војна со наша поддршка“, рече Орбан.

Тој додаде дека Европската унија „се нашла во замка“ кога почнала да испраќа воена помош за Украина, сметајќи на успесите на Киев на фронтот.

Сепак, според него, ЕУ немала никаков план за вонредни состојби во случај тоа да не успее.

Немаше план Б, бидејќи постоеше само овој план за победа, кој пропадна“, рече Орбан.

Тој изјави дека лидерите на Европската унија се уште не сакаат да ја признаат таа грешка и продолжуваат да испраќаат оружје во Украина. рп/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андоновска: Во нашата програма на коалицијата „Храбро…

Во нашата програма на коалицијата „Храбро за…

Путин не бил вмешан во смртта на…

Еден од главните соработници на Навални, Леонид…

Ристовски: Нема промена на Устав под ниту…

Главните политички заложби на ИНТЕГРА, македонската конзервативна…

Пожар во фабрика за ракетни системи, има…

Двајца работници се повредени во пожар што…

Во Киев се евакуираат две цивилни болници…

Украинскиот главен град Киев денеска евакуираше две…