Орбан: Унгарија и Србија нема да дозволат терористички напади на јужните гасоводи како на Северен тек
Унгарската влада смета дека саботажата на гасоводот „Северен тек“ е терористички чин и заедно со Србија ќе направат се за да не се повтори нешто слично на гасоводите во јужна Европа, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан во парламентот на земјата.
Осврнувајќи се на проблемите со енергетската безбедност, шефот на унгарската влада особено посочи дека „кревањето во воздух на Северен тек е терористички чин“. Во таа насока, тој увери дека унгарските власти, заедно со нивните партнери од Србија, имаат намера да преземат мерки за спречување на ваква саботажа на „јужниот гасовод“. Орбан мислеше на кракот на гасоводот „Турски тек“ кој минува низ Бугарија и Србија, преку кој Унгарија добива гас.
„Ако го направија тоа на север, за да не може гасот да дојде од Русија во Европа, може да го направат и на југ. Ние заедно со Србија јасно ставивме до знаење дека нема да можат да го направат тоа“, рече унгарскиот премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Унгарија протерува 10 руски дипломати поради „неприфатливи…
Унгарската влада нареди 10 руски дипломати да…
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…