Објавено на:

Орбан: Унгарија нема да стави вето на санкциите против Русија

t

Унгарија нема да стави вето на санкциите на Европската унија против Русија, а единството на 27-члениот блок е најважно со оглед на војната во Украина, која Унгарија недвосмислено ја осудува, изјави премиерот Виктор Орбан.

– Не можеме и нема да носиме никакви одлуки кои би ги претвориле унгарските населби или луѓе – без разлика дали се Унгарци што живеат во Закарпатија или Украинци – во цели, рече Орбан во видеото објавено синоќа на Фејсбук по состанокот на владата.

– На средбата членовите на владата го потврдија својот став дека Унгарија нема да испрати ниту војници ниту оружје во Украина. Потврдивме дека Унгарија нема да дозволи ниту оружје да транзитира преку наша територија до Украина, рече Орбан, пренесува Хангари тудеј.

– Најважно е Унгарија да остане надвор од оваа војна, рече тој. Меѓутоа, Орбан додаде: Украина е наш пријател; тие се во неволја и на оние во неволја мора да им се помогне.

– Покренавме една од најголемите хуманитарни кампањи во историјата на Унгарија, рече тој. „Како прв чекор, испраќаме храна, средства за хигиена и производи за нега на бебиња во вредност од 600 милиони форинти (1,6 милиони евра).

Инаку, неделава Унгарија се приклучи на иницијативата на осуммина лидери од ЕУ за почеток на преговори за членство со соседна Украина, но Унгарија, членка на НАТО, одби транспорт на смртоносно оружје преку нејзина територија до источниот сосед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…