Орбан: Унгарија ќе стави вето на санкциите на ЕУ против Русија на нуклеарната енергија
Унгарија ќе стави вето на сите санкции на Европска Унија против Русија кои влијаат на нуклеарната енергија, изјави денеска премиерот Виктор Орбан за Државното радио.
– Украина ја повика ЕУ да ја вклучи руската државна нуклеарна компанија Росатом под санкции, но Унгарија ја блокираше таквата одлука.
Во интервјуто, Орбан повтори дека „очигледно мора да се стави вето“ на санкциите за нуклеарната енергија.
Унгарија, членка на ЕУ, постојано ги критикува санкциите на ЕУ воведени кон Русија поради руската инвазија врз Украина, со образложение дека со тоа не е ослабена Русија, а истите можат да ја уништат европската економија.
Западот не воведе санкции за Росатом откако Русија ја нападна Украина.
Унгарската нуклеарна централа Пакс има четири мали руски реактори ВВЕР 440 со вкупен капацитет од околу 2000 мегавати, што почнаа со работа во периодот од 1982 до 1987 година. Пакс произведува околу половина од својата енергија, а електраната го добива своето нуклеарно гориво од Русија.
Според договорот потпишан во 2014 година со Русија, Унгарија има намера да ја прошири електраната Пакс со два реактори ВВЕР од руско производство со капацитет од 1,2 гигавати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…