Објавено на:

Орбан: Јас сум единствен кој се бори за мир во ЕУ

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека тој е единствениот кој се бори за мир во ЕУ, пренесе АФП, цитиран од БТА.

Орбан оваа изјава ја даде по обидот за атентат врз неговиот политички сојузник, словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Денес мораме да ги умножиме напорите и да се бориме сами за мир“, напиша на Фејсбук унгарскиот националистички лидер, кој ја направи војната во Украина прашање број еден на европските избори на 9 јуни.

Откако Фицо се врати на власт во октомври, Словачка го смени курсот и ја прекина воената помош за Украина, истовремено молејќи се за мировни преговори со Русија.

Премиерот Фицо вчера беше тешко повреден во напад во централна Словачка, поради што најверојатно ќе биде надвор од „менаџментот“ на неколку месеци.

Неговото отсуство доаѓа во клучен момент“, нагласи денеска Орбан, кој се надева дека ќе ја наруши рамнотежата во Европскиот парламент. Орбан останува многу блиску до Москва и покрај руската инвазија на Украина, додека односите со Киев се затегнати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралија не разговара со ЕУ за придружно…

Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…

Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…

Земји како Австралија и Нов Зеланд би…

Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…

Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

ЕУ најавува план за забрана на социјалните…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…