Орбан ја обвинува ЕУ дека од политички причини ги блокира средствата за Будимпешта

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја обвини Европската Унија дека „од политички причини” сака да ги замрзне парите наменети за Унгарија, одосно политиката на Будимпешта кон мигрантите и нејзиното противење на санкциите против Русија поради војната во Украина.

Европската Комисија пред два дена препорача повеќе од 13 милијарди евра од европските фондови наменети за Унгарија да бидат замрзнати поради проблеми со корупцијата во земјата.

Комисијата одлучи да биде строга кон Орбан, кого го обвинува за „уцена” за блокирање на заедничкиот план за помош од 18 милијарди евра за Украина и минималниот корпоративен данок, пренесува Хина.

Под притисок на Европскиот Парламент, Комисијата им предложи на земјите-членки, кои треба да донесат одлука до 19 декември, да суспендираат 7,5 милијарди евра од кохезионите фондови, кои треба да и бидат исплатени на Унгарија во рамки на буџетот за периодот од 2021 до 2027 година. .

Комисијата, од друга страна, одлучи да го потврди унгарскиот национален план за закрепнување од пандемијата на ковид-19 (5,8 милијарди евра), но со 27 услови, кои вклучуваат 17 мерки за борба против корупцијата, како и реформи за подобрување на независноста на судството.

Во денешното интервју за јавното радио, Орбан ги обвини „бирократите во Брисел” дека го одложуваат спроведувањето на планот за помош за Унгарија „од очигледни политички причини”.

Постојат разлики во мислењата меѓу ЕУ и Унгарија за неколку фундаментални прашања и затоа (Брисел) не ја сака унгарската влада, рече тој.

Брисел бара отворање на нашите граници за мигрантите, но ние нема да го сториме тоа, воведување на нивната сексуална пропаганда во нашите училишта, ниту тоа нема да го направиме. Брисел исто така бара наша безусловна поддршка за санкциите и војната (против Москва), но ние нема да го сториме ниту тоа, рече тој.

Дури и ако бирократите во Брисел се неправедни кон Унгарија со тоа што секогаш поставуваат нови услови, ние мора да се обидеме да постигнеме договор со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БОМБА на Јакимовски: ДПМНЕ пробува да заташка…

На ул. Пиринска на 24.11. се случи…

Нова современа опрема во Градската општа болница…

Во Градската општа болница „8 Септември“ во…

Протест на студентите во Белград

Група студенти денеска го блокираа влезот во…

Стејт департментот бара Србија да ги расчисти…

Американскиот Стејт департмент ги повика властите во…

Дачиќ: Безбедносната ситуација во Србија е стабилна

Шефот на Бирото за координација на безбедносните…