Орка Холдинг од Реплек го купи плацот на Хубо: Еве што таму ќе се гради
Фармацевтската компанија „Реплек“ минатата недела преку аукција го продала земјиштето на маркетот Хубо од 4.000 метри квадратни на Орка Холдинг, дознава Фактор од неофицијални извори.
Според сознанијата на Фактор, зделката тежи 92 милиони денари, што е рамно на 1,5 милиони евра.
На ова земјиште, кое се наоѓа до клиничката болница Аџибадем Систина, е обезбедена дозвола за градба на 40.000 метри квадратни површина над и под земја. Според информациите со кои располагаме, Орка Холдинг на тоа земјиште планира да гради „Болница мајка и дете“, како и медицински факултет. Новата зграда ќе биде споена со клиничката болница Аџибадем Систина, дознава Фактор.
Со тоа всушност, Аџибадем Систина ќе добие огромен болнички комплекс од 70.000 метри квадратни, кој ќе ги опфати сите медицински дејности, ќе има капацитет од 550 кревети, а ќе располага и со медицински факултет
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преспа ќе добие мрежа од 188 километри…
Преспанскиот Регион ќе добие нова туристичка инфраструктура…
НБ: Од денес достапни електронското и мобилното…
Народната банка продолжува со постепено олеснување на…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…
ЕУ одобри 10 милиони евра за Бугарија…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…