ОСАМНА СЛИКА ОД ХЕРОЈОТ КОЈ ГО СПАСИ БЕБЕТО ВО МОРАЧА! Не се откажал и ја истиснал водата од белите дробови на детето
Дибрани вели дека се плашел дека е доцна да се „оживее“ бебето, но не се откажал.
На Фејсбук осамна слика од херојот кој го спаси бебето во водите на реката Морача во Подгорица исцедувајќи ја водата од неговите бели дробови. Се работи за Аднан Дибрани, шведски пратеник, беше дел од набљудувачката мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа што го следеше денот на изборите во Црна Гора.
Тој вели дека не можел ни да замисли дека ќе се најде во таква ситуација. Се плашел, вели, дека е доцна, но не се откажал.
– Им го зедов бебето и се обидов да го направам тоа што го знам, најдобро што можам. Го стиснав бебето преку стомакот и грбот, ја исцедив водата од неговите бели дробови. Кога го слушнав неговиот плач, бидејќи подоцна дознав дека е машко, се упатив кон итната медицинска помош и им го предадов бебето – изјави Аднан, и самиот татко на три деца.
Претходно, бебето од водата го извлекле тројца вработени во Јавното комунално претпријатие во Подгорица.
Вчера веста дека 62-годишна жена се фрлила заедно со бебето одекна на Балканот. Бабата починала по ударот во карпите во водата на самото место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Јаболкарите се повторно изманипулирани!
И покрај бројните ветувања од надлежните институции,…
Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот…
На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот…
Старица измамена за 30 илјади евра од…
На 25.06.2025 во 18.30 часот во СВР…
Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски…
Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски…
Санчез му порача на Израел: Шпанија не…
Шпанскиот премиер Педро Санчез ја повтори својата…