Осимен: Елмас е многу добар и голем човек!
Нигериската ѕвезда на Наполи, Виктор Осимен кој сезонава има 19 гола во Серија А го испофали македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас, откако центарфорот на наполитанците ја доби наградата за најдобар странски фудбалер во изборот на странските медиуми.
Осимен пред новинарите при добивањето на наградата посочи дека Елмас покажал дека е голем човек, откако на иницијатива на македонскиот репрезентативец, фудбалерите на Наполи ги ставија дресовите на аукција за да се соберат пари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди југоисточна Турција пред еден месец.
„Елмас е многу добро момче, голем човек. И тоа што го направи е – извонредно. Само влезе во соблекувалната и разговаравме за ситуацијата во Турција, а тој се понуди да помогне. Елид играше во Турција и сите ние веднаш ја прифативме идејата, веднаш дадовме поддршка. Навистина направи добра работа. Би сакал и сега да им изразам сочувство на сите кои ги загубија најблиските во катастрофата, моите мисли се со нив“, рече Осимен.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство…
На 15.11.2026 во 05:05 часот на ул.…
Пронајдено тело на машко лице по гаснењето…
Во пожарот што синоќа пред полноќ избувна…
Бугарската опозиција бара оставка од шефот на…
Пратеничката група на „Демократска Бугарија“ бара оставка…
Кочанец ѝ се заканувал на делчевка по…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела…
Хорор во Охрид: Ја тепал девојката до…
Ужас го потресе Охрид, откако триесет и…