Осквернавен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче – ископани посмртни останки

t

Непознати сторители во текот на месецов со употреба на физичка сила и погоден алат влегле и го осквернавиле манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Матејче, општина Липково, кој е под заштита на државата како културно добро. Случајот бил пријавен вчера во полициската станица Матејче од страна на Кумановско-Осоговска Епархија при МПЦ-ОА.

Притоа покрај ископ на земја, биле извадени и осквернавени посмртни останки на погребани лица, и била извршена кражба на оловен лим од централната манастирска црква.

Извршен е увид од страна на надлежен ЈО и Увидна екипа од СВР Куманово. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…

Со едноминутно молчење во знак на почит…

Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…

На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…

Разбудени од кома двајцата полицајци што го…

Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…

ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…

Царинската управа во 2025 година собрала над…

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…