Османи барала од американскиот амбасадор санкции за Србија?!
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска се сретна со американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, при што во разговорот посочила дека државата Србија треба да сноси одговорност за, како што наведува, терористичкиот напад и акт на агресија во Бањско.
Амбасадорот Ховениер, како што се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот Османи, уште еднаш изразил искрено сочувство за убиството на косовски полицаец.
Османи им се заблагодари на сојузниците, пред се на САД, за поддршката и солидарноста по убиството на полицискиот наредник, како што посочува, херојот на Косово Африм Буњаку, но и за соработката и поддршката на безбедносните институции во време кога Националната безбедност на Косово е сериозно загрозена.
„Српската држава треба да сноси одговорност за овој терористички напад и акт на агресија. Се надевам дека откако сојузничките земји ќе ги завршат внатрешните процедури за потврда на информациите во врска со последниот напад на Косово, ќе преземат конкретни мерки и санкции против Србија, поради негово директно учество во овој напад, било како возач, организатор или посредник“, изјави Османи, соопштено е.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка ќе распоредува ракети во Јапонија —…
Русија денеска ги осуди претстојните заеднички воени…
Два американски воени авиони слетаа на аеродромот…
Два големи американски воени авиони биле забележани…
Сеул тврди: Постојат знаци на дијалог меѓу…
Самит меѓу САД и Северна Кореја би…
Казна од 3.000 евра за државјанин на…
Државјанин на Србија е казнет со вкупно…
Цената на нафтата се зголеми, откако САД…
Цените на нафтата утрово се тргуваа за…